The Weather Channel

The Weather Channel е давател на услуги за времето

Здраво! The Weather Channel ги поседува и објавува веб-страницата weather.com, мобилната апликација The Weather Channel и другите апликации поврзани со времето. Но, понекогаш The Weather Channel информациите за времето ги овозможува и на други компании, кои пак потоа ви ги презентираат тие информации за времето на нивните сопствени веб-страници, мобилни апликации и други апликации. На оваа страница е објаснето како The Weather Channel ги користи вашите податоци во тие специфични ситуации. За сите други прашања за собирањето лични податоци, употребата и/или споделувањето преку веб-страницата, мобилната апликација или другите апликации на другата компанија, погледнете ја политиката за приватност на таа компанија.

Системите на дистрибуција на податоци на The Weather Channel автоматски овозможуваат информации за времето за посакуваната локација ако ја добиле посакуваната локација на еден од препознатливите формати, како поштенски код, име на град или геокод (лат./лонг.). Податоците за локацијата може автоматски да сме ги добиле од апликацијата што ја користите или можеби сте ја напишале и избрале преку пребарување, зависно од дизајнот на веб-страницата или апликацијата на другата компанија. Во секој случај, The Weather Channel ќе ги употребува податоците за локацијата само за целите за да ви даде информации за времето на таа локација. (Имајте предвид дека тоа не значи дека веб-страницата или апликацијата на другата компанија не ги користи вашите податоци за локацијата за други цели, па затоа погледнете ја политиката за приватност на другата компанија за да добиете повеќе информации.) Кога е потребно, оперативниот систем (OS), прелистувачот или мобилната апликација што ја користите може да побара дозвола за употреба на податоците за вашата локација или да ви прикаже соопштение дека се користат податоците за вашата локација. Дали тоа ќе се случи зависи од OS, прелистувачот или апликацијата што ја користите и дали претходно сте дале дозвола или сте го виделе соопштението. Имајте предвид дека The Weather Channel не го поседува, не управува или не го одржува OS, прелистувачот или апликацијата што ја користите и поради тоа не можеме да контролираме дали и кога добивате соопштение или барање за дозвола за употреба на вашата локација.

Исто како што луѓето не можат да си испраќаат писма меѓусебно ако не си ги знаат поштенските адреси, така и уредите на интернетот не можат да комуницираат без помош на IP-адреси. Поради тоа, веб-страницата или апликацијата на другата компанија користи IP-адреса за да можеме да ви овозможиме информации за времето на вашиот уред. Другата компанија може да комуницира со The Weather Channel со помош на IP-адреса којашто била доделена на вашиот уред во тој момент или IP-адреса за своите внатрешни системи. Како и да е, The Weather Channel ќе ја употребува IP-адресата само за да ви прикажува информации за времето.

Можеби ќе се зачудите ,„Во кои случаи политиката за приватност на The Weather Channel се применува за мене?“ Политиката за приватност на The Weather Channel се применува само кога корисник ја посетува страницата, мобилната апликација или другата апликација објавена и во сопственост на The Weather Channel.